fbpx

Достоинство ќе бара воведување смртна казна за убивање полицаец или војник

-

Лидерот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, побара доживотен затвор сите инволвирани во убиството на полицајците во кумановското Диво Насеље, јавува „А1 он“.

– На телевизија ги слушав изјавите на обвинетите за злосторството во Диво Насеље, не можев да верувам дека овие луѓе кои убија осум полицајци, кои осакатија или ранија повеќе од десет полицајци, се чувствуваат невини. Пукале во самоодбрана, само од кого се бранеле, се бранеле од македонската полиција, во која имаше и Албанци. Знаеме дека има полицаец Албанец кој храбро загина бранејќи ја својата држава – рече Ангелов, додавајќи дека партијата во иднина ќе побара воведување смртна казна за убивање полицаец или припадник на Армијата на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...