fbpx

Денеска три собраниски комисии

-

Во републичкото Собрание, за денеска се закажани седници на Комисијата за транспорт и врски, Комисијата за екологија, Законодавно-правната комисија и на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Комисијата за транспорт треба да одржи две седници со расправи за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за продажба и за давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, во второ читање и за Статутот на Агенција за електронски комуникации.

Тие точки се на дневен ред и на седницата на Законодавно-правната комисија, чии членови треба да се изјаснат и за предлог-законот за изменување и за дополнување на законите за води, за социјална заштита, за минимална плата и за јавни набавки.

Законодавно-правната комисија ќе расправа и за предлог-законите за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје, и за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци-поединци, за вршење работи за застапување во царинските постапки и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за придонеси од задолжително социјално осигурување и за користење и располагање со стварите на државните органи.

На дневен ред на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците е агендата на активностите за следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...