fbpx

ЕУ и Турција постигнаа договор за решавање на мигрантската криза

-

Претставниците на Европската унија и на Турција синоќа во Брисел постигнале договор за начините за надминување на бегалската криза.

На прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Турција, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, соопштија дека е утврден акциски план за справување со проблемот со имигрантите.

Според планот, Турција ќе добие три милијарди евра за справување со бегалците во камповите, а се предвидува и зголемување на сумата доколку тоа е потребно. Со договорот се превидува Турција да го запира приливот на имигранти од нејзина територија кон Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...