„Еве, нова потврда дека Никола Груевски стои зад ревизија на Охридскиот рамковен договор. Ова е документ од Владата, анализа на Рамковниот договор“, обвини Петре Шилегов на прес-конференција пред Владата.
– Според овој документ, генералниот секретар на Владата побара тоа да биде тема на работните групи на политичките партии. Која е целта на Груевски со овие документи за Рамковниот договор? Што ветил Груевски и кому? Јавноста веќе дозна дека Груевски стои зад Конференцијата за анализа на Рамковниот договор – изјави Шилегов.
Тој вели дека Груевски е должен да излезе и на граѓаните да им објасни што прави зад нивниот грб.