fbpx

СДСМ: 6.007 помалку работници во текстилната индустрија

-

„Во текстилната индустрија, бројот на вработени од 2007 до 2014 година се намалил за 6.007 работници. Тоа се 6.007 семејства со загрозена егзистенција. И рударската индустрија доживеа силен удар и намалување на невработеноста. Пред неколку дена, дури 1.000 рудари останаа без работа. Корупцијата што царуваше во изминатите 10 години изеде безброј работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека сега не поминуваат новите виртуелни ветувања на Никола Груевски.

– Граѓаните знаат дека Груевски излажа за италијанската „Орланди“, турски „Шишеџам“, „Хајер и Тривју“, индиската „Мадерсон“, француската „Монтипе“, израелската „Газит глоуб“, „Еуро Италија“, „Искра Словенија“, „Биротекник отомотив“, „Грудхост“ од Данска – велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...