fbpx

Силен земјотрес го погоди јапонскиот остров Бонин

-

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југоисточното подрачје на јапонскиот остров Бонин, соопшти американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил 112 километри југоисточно од островот Бонин и околу 1.000 километри јужно од Токио.

Засега нема информации за причинета материјална штета и за човечки жртви.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а земјотресот се почувствувал околу 5.40 часот по локално време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...