fbpx

УНХЦР: Србија и Македонија го органичуваат протекот на мигранти

-

Србија и Македонија овозможуваат протек само на мигранти што се од Сирија, Ирак и од Авганистан, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Портпаролката на УНХЦР, Мелита Шунјич, соопшти дека на другите мигранти не им е дозволен влез и дека на границите веќе се насобрале неколку стотина вакви случаи.

Очевидци од границата на Македонија со Грција за „Ројтерс“ изјавиле дека македонската полиција синоќа почнала да ги враќа сите мигранти кои не се од Сирија, Ирак и од Авганистан.

– Србија од вчера, во 18 часот, почна да ги враќа назад во Македонија сите освен Сириците, Ирачаните и Авганистанците. Македонија ја затвори границата околу 3 часот по полноќ и околу 100 луѓе останаа на меѓуграничната област – вели Шунјич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...