Јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Дамар“ и во тек бил процес на препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот во кој беше демолиран кафе-барот, за време на прославата организирана од ЛГБТ-центарот.
– Во рамки на истражните дејства, обвинителството ги повикува сведоците заради земање изјава и се врши препознавање на одредени лица кои се претходно посочени од оштетените – информираат од Јавното обивнителство.
Во врска со претходните напади на ЛГБТ-заедницата, од обвинителството велат дека издале наредба до МВР за преземање истражни дејства за откривање на сторителите на кривичните дела.
Вчера, активисти на ЛГБТ-заедницата протестираа пред зградата на Јавното обвинителство, барајќи од институциите да ги расчистат нападите и да ги откријат сторителите.