fbpx

Се продава државно градежно земјиште во Кривогаштани

-

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште во општина Кривогаштани. Земјиштето што ќе се продава по пат на електронско наддавање, е наменето за изградба на стопански објекти.

Огласот се однесува за осум локации, а градежните парцели се со површина од 1.497 до 3.664 квадратни метри.
Земјиштето се продава по почетната цена е 61 денар за еден квадратен метар, а сите заинтересирани треба да достават пријава за учество најдоцна до 4 декември годинава.

Право да учествуваат имаат домашни и странски физички лица и домашни и странски компании.

Јавните наддавања ќе се одржат на 11 декември на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.