fbpx
Таг: Кривогаштани

таг: Кривогаштани

Пожар го зафатил археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, опожарена дел од опремата за ископување

Пожар што вчера настанал во атарот на селото Славеј, Општина Кривогаштани, зафатил и дел од археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Пожарот настанал околу 15 часот, а била опожарена и дел од опремата за ископување што се користи во локалитетот, инаку во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје. Од МВР информираа дека пожарот...

Почна со работа добиточниот пазар во Кривогаштани

Добиточниот пазар во општина Кривогаштани денеска продолжи со работа по пауза од три месеци. Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина забраната за продажба на добиток, која стапи на сила откако во земјава се појави болеста јазлеста кожа и беше забранета продажбата на добиток на целата територија на Македонија. Од ЈП „Пелагонија“, под чија надлежност е пазарот, упатуваат апел до сточарите...

Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Владимир Талески

Градоначалниците на Охрид, Прилеп, Босилево, Кривогаштани, Ресен и на Новаци денеска застанаа во одбрана на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“ за малверзации со превозот на ученици во Битола. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, тврди дека Талески е чесен и искрен градоначалник и, пред сè, многу добар човек, кој не би ги прекршил законите на Република...

Сточарите добија 120 милиони денари субвенции за млеко

Министерството за финансии исплати 120.079.652 денари субвенции за произведено и за продадено кравјо, козјо и овчо млеко. Средствата се исплатени на 6.446 сточари. Поддршката изнесува 3,5 денари за секој произведен и продаден литар млеко. Министерството денеска исплати 4,6 милиони денари на граѓаните од Кривогаштани како надомест на штетатата од поплавите во јануари и во февруари годинава.

Се продава државно градежно земјиште во Кривогаштани

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште во општина Кривогаштани. Земјиштето што ќе се продава по пат на електронско наддавање, е наменето за изградба на стопански објекти. Огласот се однесува за осум локации, а градежните парцели се со површина од 1.497 до 3.664 квадратни метри. Земјиштето се продава по почетната цена е 61 денар за еден квадратен метар,...

Отворена градинка во Кривогаштани

Капацитетот на градинката е за 50 деца
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Кривогаштани, заедно со градоначалникот Тони Заткоски, ја пушти во употреба новата и прва градинка во општината. Спасов нагласи дека се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опрема за оваа прва детска градинка во Кривогаштани. - Ова е заеднички успех зашто изнајдовме начин и средства со заедничка инвестиција од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...