fbpx

„Атлантик група“ ја купи компанијата „Фудленд“

-

„Атлантик група“ потпиша договор за стопроцентно преземање на компанијата „Фудленд“ ДОО, со седиште во Белград и со погони за производство во подножјето на Копаоник, во населбата Игрос. Преземањето формално стапува на сила откако ќе биде одобрено од Српската комисија за заштита од конкуренција, кое се очекува на почетокот од наредната година. Во 2014 година се очекува вкупен промет од осум милиони евра. Производите на „Фудленд“ се присутни во повеќе од 20 земји, а околу една третина од вкупното производство се извезува на пазарите надвор од регионот. (Западна Европа, Америка, Австралија, Русија, Јапонија).

„Атлантик група“ е една од водечките прехранбени компании во регионот, a носечката марка со најголем меѓународен потенцијал во рамките на оваа стратегиска област е „Аргета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...