Поради постоење основи за сомневање дека приредувале игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.К. (28) и Р.Ф. (54), двајцата од Кичево. Со пријавата е опфатен и правниот субјект „Балкан-бет“ од Кичево.
Во периодот од јуни до август годинава, пријавениот А.К., во својство на вработен во спортска обложувалница „Балкан-бет“, и Р.Ф., во својство на сопственик на деловен простор „Ројал“ каде е сместена спортската обложувалница, со намера да стекнат противправна имотна корист, неовластено, спротивно на Законот за игри на среќа и забавни игри, организирале и приредувале игри на среќа без да поседуваат лиценца од Министерството за финансии на Република Македонија.
Од спортската обложувалница се одземени пет телевизори, два монитори, принтери, ласерски читачи и друга компјутерска опрема.