fbpx

Викендов нема преговори, Ванхауте е на консултации во Брисел

-

Без речиси никакво поместување, завршиле и вчерашните поединечни обиди на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте за приближување на позициите на партиите потписнички на Договорот од Пржино околу ингеренциите на министрите на опозицијата, објави „24 Вести“.

Викендов нема да има преговори бидејќи олеснувачот Ванхауте е во Брисел, на дополнителни консултации.

Преговорите на партиите запнаа кај ингеренциите на новите министри и заменици-министри кои треба да се назначат во техничката влада и кај помошниците-обвинители на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Барањето на СДСМ е министерот за внатрешни работи да ги има сите ингеренции како министер, додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ смета дека тој треба да биде само техничко лице во министерството.

Копјата се кршат и за надлежностите на замениците-министри. За власта замениците треба да имаат право на вето на сите одлуки на министерот, додека, пак, според опозицијата, ветото треба да се користи само за прашања поврзани со изборите.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, сè уште го нема целиот тим што го побара од Советот на јавни обвинители, односно наместо 14 доби само седум помошници.

Пратениците вчера на две собраниски комисии, за финансирање и буџет и законодавно-правната комисија, ги одобрија парите што Јанева ги побара за да може да работи до крајот на годината. На 2 ноември и официјално новата обвинителка треба да почне со работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...