fbpx

Нигерија објави фотографии на најбараните терористи од Боко харам

-

Фотографии на 100 најбарани припадници на исламистичката група Боко харам, објави денеска нигериската армија, која во изминатите неколку месеци ги интензивира своите напори за уништување на терористичката организација.

Армијата, со фотографиите, упатила и барање до граѓаните да се јават на специјално отворените телефонски линии доколку забележат некои од осомничените милитанти, пренесува „Би-Би-Си“.

Нигерискиот претседател, Михамаду Бухари, кој стапи на должност во мај годинава, ѝ даде рок на армијата до средината на ноември конечно да се пресмета со Боко харам.

Исламистичката група почна да дејствува во 2009 година, во северо-источниот дел на Нигерија, но оттогаш ги прошири своите активности и во Чад, Камерун и во Нигер.

Од почетокот на оваа година, Боко харам загубил голем дел од територијата што беше под нејзина контрола, но од мај го зголеми бројот на самоубиствени напади.

Боко харам, инаку, е во сојузништво со Исламска држава (ИД), која се бори за воспоставување глобален калифат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...