fbpx

„Дојче банк“ со рекордна загуба од 6 милијарди евра, ќе отпушти 9.000 вработени

-

Најголемата германска банка „Дојче банк“, во третиот квартал евидентираше рекордни загуби поради високите судски трошоци, како и отпис на вредноста на т.н. нематеријален имот и удел во една од кинеските банки, пишува „Њујорк тајмс“.

Во период од јули до септември, нето-загубата на „Дојче банк“ достигнал 6,01 милијарди евра во споредба со загубата од 94 милиони истиот период лани.

Директорот на банката, Џон Крајан, ваквите резултати ги нарекол „крајно разочарувачки“.

„Дојче банк“, исто така, соопшти дека ќе укине 9.000 работни места и ќе се повлече од десет земји од светот. Тоа е предвидено во рамките на програмата за скратување на трошоците.

Непосредно пред објавување на денешните резултати за работењето, „Дојче банк“ соопшти дека ќе ја стопира исплатата на дивидендата за оваа и за следната година, како и тоа дека планира да ги намали трошоците на помалку од 22 милијарди долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...