fbpx

49,8 проценти од деловните субјекти користат социјални медиуми

-

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна или мобилна конекција имале 93,5 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59,1 отсто од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет преку преносливи уреди како лаптоп, паметен телефон за деловна намена, користеле 11,4 проценти од вработените во деловните субјекти.

Половината, односно 49,8 проценти од деловните субјекти користеле социјални медиуми како „Фејсбук“, „Линкдин“, „Твитер“, „Пресент“ итн., односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум.

Околу 52 проценти од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив 79 проценти на веб-страницата имале обезбедено опис на производите, на услугите и ценовници, 40,2 проценти имале наведено линкови, референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 16,4 проценти обезбедиле нарачување или резервирање преку интернет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...