fbpx

За четири месеци низ Македонија поминале 137.290 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 2.531 мигрант, од кои, најголемиот број, односно 1.392, се државјани на Сирија.

Од почетокот на издавањето на документите, со кои на мигрантите им се овозможува 72-часовен легален престој на територијата на Македонија, до денеска, низ земјава поминале вкупно 137.290 странски државјани. Според МВР, 96.696 се сириски државјани, од Авганистан се 21.326 лица, од Ирак – 9.343, Пакистан – 3.397, Палестина – 1.402, Иран – 1.225, Сомалија – 781, Бангладеш – 759, Конго – 430, Нигерија – 235, Камерун – 204, Еритреја – 196, Етиопија – 149 и од Судан – 123.

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита, на 19 јуни, заклучно со денеска, азил во Македонија побарале вкупно 68 мигранти, од кои 51 се државјани на Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...