fbpx

Поднесен обвинителен предлог за сообраќајката што во мај се случи кај патарината Градско

-

Основното јавно обвинителство Велес ја завршило истражната постапка за сообраќајната несреќа што во мај годинава се случи кај патарината Градско и до судот поднела обвинителен предлог против едно лице, кое се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици, соопшти Јавното обвинителство.

Во сообраќајната несреќа, која се случи на 26 мај, загинаа сопругата и четиригодишниот син на возачот, против кој е покренат обвинителниот предлог.

Како што соопштуваат од Обвинителството, автомобилот со кој се превезувало семејството, во моментот на несреќата се движел со брзина од 109,77 километри на час, во правец од Гевгелија кон Скопје, што според Обвинителството, не била прилагодена на „атмосферските и другите сообраќајни услови, поради што возачот не бил во можност навремено да реагира и да го сопре возилото пред секоја пречка“.

„На автопатот претходно веќе се случила сообраќајна незгода помеѓу две товарни моторни возила и тој, неможејќи да го запре возилото, удрил во задниот дел од товарното возило „мерцедес атего“, оштетувајќи го истото и продолжил да се движи, притоа го завртел својот автомобил и сопрел попречно на средината од коловозната лента по која се движел. На самото место на несреќата, од силината на ударот, починале неговите сопатници – сопругата, која седела на совозачкото место, и синот, кој седел во седиште за дете зад седиштето на совозачот“, стои во соопштението од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...