сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: сообраќајнанесреќа | 46 резултати

20-годишен охриѓанец загина во сообраќајка кај Лагадин

септември 2, 2015

Дваесетгодишен охриѓанец го загубил животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај населбата Лагадин. Според полициските информации, сообраќајката се случила околу 15 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „форд мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.П. (30) од селото Косел и моторцикл „хонда“, што […]

Возач загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

август 21, 2015

Четириесет и тригодишен жител на селото Издеглавје го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево. Како што информираат од полицијата, Лазо Н.(43), кој управувал автомобил, марка „застава 101“, во еден момент изгубил контрола над возилото и првин преминал на левата страна од коловозот, а потоа удрил […]

Два мотоцикли се судрија кај Клубот на пратеници во Скопје

август 19, 2015

Необична сообраќајна несреќа предмалку се случи на раскрсницата кај Клубот на пратеници во Скопје. Имено два мотоцикли се судриле на пешачкиот премин, а во несреќата нема повредени. Полицијата врши увид на самото место.

Косовски државјанин загинал во сообраќајка во Чаир

август 17, 2015

Државјанин на Косово го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16.10 часот, кога автомобил, марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Ф.(55) удрил во косовскиот државјанин Ариан Р. кој се […]

Светиниколчанец загина во сообраќајна несреќа

август 17, 2015

Четириесет и двегодишен жител на Свети Николе го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа по 20 часот кај Овче Поле. Горан С. загинал на самото место при судир на мопедот на кој се возел, а кој го управувал С.Ѓ.(38), со возило, марка „пежо“ управувано од С.С.(51) од Куманово. Возачот на мопедот се […]

Прегазено тригодишно дете во селото Туралево

август 14, 2015

Тригодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во кратовското село Туралево, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 20.30 часот, автомобил, марка „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, што го управувал М.С.(45) од Крива Паланка, удрил во тригодишното дете, кое од сериозноста на повредите починало на самото место. Надлежните извршиле увид […]

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

август 7, 2015

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода. Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им […]

Поднесено обвинение за сообраќајката кај трговскиот центар „Зебра“

август 5, 2015

Скопското јавно обвинителство ја звршило истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, а во која животот го загуби Сузана Тодоровска-Павловска, новинарка во Македонското радио, и поднело обвинителен акт против, сега веќе, обвинетиот за несреќата, соопшти Јавното обвинителство. „По завршената истрага, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против […]

Возило излета на автопатот Скопје – Тетово, шестмина повредени

август 1, 2015

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска точно напладне се случи на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите, станува збор за автомобил со неготински регистарски таблички, кој излетал од патот, а го управувал 30-годишен жител на селото Долно Количани. Во возилото во кое се превезувале шестмина патници, имало и две деца. Петмина од […]

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

август 1, 2015

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите повреди починаа три лица“, стои во соопштението на Јавното обвинителство. […]

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

јули 21, 2015

Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол го загубил животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 1.15 часот по полноќ, автомобил, марка „опел астра“ со охридски регистарски таблички, што го управувал А.С. (64) од селото Букојчани, удрил […]

Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

јули 20, 2015

Триесет и тригодишен прилепчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово се случила на влезот во градот, кај бензинската на „Лукоил“. Како што соопштуваат од надлежното јавно обвинителство, станува збор за Влатко Т., кој во моментот на несреќата управувал мотоцикл. Според информациите, мотоциклистот, од засега непознати причини, удрил во пано на бензиската пумпа, излетал […]

Двегодишно дете загина во сообраќајка кај скопско Рашче

јули 6, 2015

Двегодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила во скопското село Рашче, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 11.40 часот и во неа учествувале возило, марка „форд транзит“, што го управувал М.И. (57) и автомобил „опел корса“, зад чиј волан бил Б.С. (28) од селото Рашче. […]

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

јули 3, 2015

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид. Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од […]

Градоначалникот на Прилеп со џипот удрил мотоциклист

јули 2, 2015

Синоќа, околу 22 часот, во центарот на Прилеп, се случи сообраќајна несреќа во која градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со својот џип, марка „киа спорт“, удрил во мотор што го управувало повозрасно лице. Според очевидци на сообраќајката, вртејќи полукружно на булеварот, Ристески со своето возило удрил во веспата, а веднаш потоа го качил возачот на […]

Прегазен 74-годишен пешак во Крива Паланка

јуни 26, 2015

Седумдесет и четиригодишен жител на Крива Паланка го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила кај местото Лијаков мост. Според полицијата, сообраќајката се случила околу 14 часот, кога возило, марка „даеву“, кое го управувал Н.Д. (20), удрил во Мијалко С. (74), кој пеш се движел по коловозот. Поради тешките повреди, Мијалко С. […]

Се преврте шлепер на патот Куманово-Скопје, едно лице повредено

јуни 9, 2015

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на Агино Село на автопатот Куманово-Скопје, кога шлепер со бугарски регистарски ознаки се превртел на коловозот, јавува „Телма“. Како што пренесува телевизијата, од кумановската болница информирале дека повредениот во несреќата бил странски државјанин, кај кого биле констатирани лесни телесни повреди. Засега нема […]

22-годишен скопјанец загина во судир на три автомобили

јуни 4, 2015

Дваесет и двегодишен скопјанец го загубил животот, а уште шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата Лазо Трповски во Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во сообраќајката, која се случила триесетина минути по полноќ, учествувале три возила, „ауди“, управувано од С.А. (20), „ровер“ зад чиј волан бил починатиот […]

Жител на Враништа загинал во сообраќајна несреќа

јуни 3, 2015

Седумдесет и деветгодишниот Михаил С. од селото Враништа го загубил животот по сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат Струга – Дебар, соопшти полицијата. Несреќата се случила околу 11 часот во селото Враништа, кога во Михаил С., кој управувал велосипед, удрил автомобил, марка „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки. Од незгодата, Михаил С. […]

Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

јуни 1, 2015

Дваесет и двегодишно момче од кавадаречкото село Сираково го загубило животот, а две лица биле повредени, во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, несреќата се случила кога автомобилот, марка „бе-ем-ве“, во кој се превезувале трите лица, удрил во бетонска ограда. Возачот на автомобилот, […]

Страна 1 од 3