fbpx

Нетанјаху го повика Абас на директни преговори

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го повика палестинскиот престедател Махмуд Абас на директни преговори со Израел.

Во неделата кабинетот на Нетанјаху издаде соопштение во кое е наведено дека повторно го повикува Абас да се врати на преговарачката маса и да покрене дипломатски процес.

Нетанјаху ќе отпатува во Њујорк на Генералното собрание на ОН додека се зајакнуваат меѓународните напори да се обноват израелско-палестинските мировни преговори.

Меѓутоа, претседателот на САД, Барак Обама, не ја спомна обновата на преговорите кога се обраќаше на Генералното собрание во понеделникот, но утре блискоисточната мировна четворка (САД, ЕУ, ОН и Русија) се очекува да одржи состанок на маргините на Собранието.

Нетанјаху в петок ќе се состане со државниот секретар на САД, Џон Кери, а еден ден претходно со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и со нив ќе разговара за конфликтот со Палестина.

Палестинскиот претседател Абас на Генералното собрание на ОН ќе се обрати в среда. Тој претходно најави дека ќе приреди изненадување на крајот на својот говор, не навлегувајќи во детали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За врховниот судија Наке Георгиев 30 дена притвор, за Иџет Мемети се бараат мерки на претпазливост

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен вчера, поради наводно примање поткуп од...