fbpx

ЕУ: 17 милиони евра за Западен Балкан за справувањето со бегалската криза

-

Европската комисија денеска соопшти дека подготвува пакет од дополнителни 17 милиони евра за земјите од Западен Балкан што се соочуваат со голем прилив на бегалци.

„Србија и Македонија се соочени со неочекуван прилив на бегалци од надворешниот регион, што ја оптовари нивната инфраструктура. Приоритет е да се избегне ова да прерасне во нешто што е повеќе од краткорочна ситуација“, се наведува во соопштението.

Комисијата наведува дека овие земји треба да се поддржат со совети за работи во околности на мигрантска и на бегалска криза и директно да им се помогне во згрижувањето на тие луѓе на нивна територија.

Во соопштението се потсетува дека ЕУ досега упатила 78 милиони евра за унапредување на прифатните центри и на граничната контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...