fbpx

Македонците во Тирана, концентрирани во централната општина

-

Македонците во Тирана се концентрирани во централната општина, које е една од десетте во албанскиот главен град и според тамошната номенклатура, го носи бројот 1.

Ова за „Мета“ го тврди претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, кој денска оствари средба со градоначалничката на оваа општина, Тренделина Јаку.

– Ја информиравме градоначалничката за активностите на друштвото. Таа ја нагласи потребата за соработка и за почести средби, бидејќи во оваа локална единица не само што живат најмногу Македонци во албанскиот главен град, туку македонско малцинство е најбројно воопшто. Секако, разговаравме за унапредување на правата на Македонците, но и за соработката и за подобрување на условите за културен и развој на полето на спортот и рекреацијата – изјави за „Мета“ Никола Ѓурѓај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран...