fbpx

Девизните резерви бележат пад

-

Според последните расположливи податоци за третото тримесечје на 2015 година, девизните резерви бележат пад.

– Намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сè, на редовното намирување на надворешните обврски од страна на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ – велат од НБРМ.

На девизниот пазар, во август беа регистрирани стабилни движења, под влијание на сезонски фактори.

– Остварувањата кај вкупните депозити во август се послаби од проектираните, при што на крајот на август вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 6,7 проценти, додека проекцијата за крајот на третиот квартал предвидува пораст од 9,5 проценти на годишна основа – се вели во соопштението на НБРМ.

Исто така, намалениот увоз на енергенти (нафта и електрична енергија) влијае во насока на пониска побарувачка на девизи.

Анализата на показателите на адекватност на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурна зона.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...