fbpx

Зголемена ликвидноста на банките

-

Ликвидноста на банките под влијание на автономните фактори во август се зголеми, при што банките имаа зголемен интерес за пласирање на вишокот ликвидни средства кај Народната банка.

– На пазарите на пари, обемот на тргување беше висок, што овозможи ефикасно управување со ликвидноста на банките и задржување на каматните стапки на релативно стабилно ниво – велат од НБРМ.

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за август покажуваат понатамошен пораст на вкупните кредити на приватниот сектор, со иста динамика, како и во претходниот месец, што не е невообичаено за овој период од годината.

– Сепак, годишната стапка на пораст на вкупните кредити во август изнесува 8,8 проценти и е пониска во однос на проекцијата за третиот квартал од 9,8 проценти – се вели во соопштението на НБРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...