fbpx

Првите бегалци пристигнаа во Хрватска

-

Изутринава, во 4.30 часот, на автобуската станица во Шид, Хрватска, пристигна првиот автобус со 70 бегалци од Сирија, Авганистан, Пакистан, Ирак и од Мавританија.

Потоа, пред пристигнувањето на хрватската граница, неколку бегалци се упатиле пеш, преку пченкарното поле во Товарник.

На привремена станица, спроти прифатниот центар во Прешево, уште десетина автобуси со натписи „Шид“ и „Хрватска“ се подготвуваат да тргнат кон Хрватска.

Општина Шид превентивно обезбеди сместување за бегалците. Поранешната детска болница „Принциповац“ е прилагодена за прифатен центар. Во објектот во близина на граничниот премин Сот, има околу 300 кревети, а просторот околу болницата е уреден и е обезбедена вода за пиење.

Портпаролката на УНХЦР, Мелиса Фелминг, претходно предупреди на можноста бегалците да тргнат по нова рута кон Западна Европа.

Откако Унгарија одлучи да ги затвори своите граници, фејсбук-групата „Избегнувајте ја Унгарија-вести за бегалци“ подготви мапи со алтернативни рути, од кои една поминува низ Хрватска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...