Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската академија на науките и уметностите од Москва, го истражува македонското национално малцинство во Албанија.
Во албанскиот главен град, Тирана, рускиот славист поподробно се информирал за состојбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.
Истакнатиот славист го посетил и Македонско друштво „Илинден“ во Тирана, при што претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на Максим Макарцев му подарил книга „Етнографијата на Голо Брдо“ и го информирал за активностите на друштвото, како и за позицијата, статусот и за условите за искажување и за развој на македонската национална посебност во Албанија.