fbpx

„Ајде“ со мирен собир ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител

-

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ утре, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија, ќе организира мирен собир со кој ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно ќе ги соопшти очекувањата.

„Ние, граѓаните на Република Македонија, целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија. Ова треба да му биде јасно на специјалниот јавен обвинител. Непоколебливо и цврсто ќе ја поддржиме неговата работа, зашто очекуваме премиерот во оставка и неговите соработници, што побргу да се најдат на обвинителна клупа и да одговараат за сите криминали и злосторства направени во изминатите девет години. Очекуваме специјалниот јавен обвинител и неговиот тим да работат целосно независно, професионално, компетентно и ефикасно и да ги процесираат во најкус можен рок криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Оваа власт мора да одговара за своите криминали и злосторства и тоа претставува врвен национален интерес“, велат од „Ајде“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дигитално земјоделство – нова студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје отвора нова студиска програма по Дигитално земјоделство. Програмата, соопштија од таму, има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка...