вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ајде | 22 резултати

„Ајде“ со протест и бдеење пред Уставниот суд

март 13, 2016

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ во вторник со почеток од 18 часот ќе организира протест и бдеење за Уставот, затоа што, според нив, уставните судии во среда, на 16-ти март, планираат експресно да ја донесат одлуката за помилување на изборниот криминал и други тешки криминали. „Бдеењето за Уставот ќе започне со протестен марш на 15 […]

Граѓански протест пред Уставен суд во 13 часот

март 5, 2016

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ ги повика сите слободоумни граѓани масовно да учествуваат на протест „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд: (Не)уставните судии ја попречуваат правдата!“, пред зградата на Уставниот суд, денеска во 13 часот. „Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме […]

„Ајде“ в сабота повикува на протест пред Уставен суд

март 3, 2016

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ в сабота повторно ги повика сите слободоумни граѓани масовно да учествуваат на протест „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд: (Не)уставните судии ја попречуваат правдата!“, пред зградата на Уставниот суд, во 13 часот. „Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме […]

Протест пред Уставен суд: Штитат злосторничко здружение наместо човекови права

февруари 29, 2016

Поголема група граѓани и денеска, третпат, протестираа пред Уставниот суд. Од платформата за граѓанска политика „Ајде“ доставија и писмо во кое му порачуваат на судот дека тој не треба да биде заштитник на злосторничко здружение, туку треба да биде заштитник на човековите права. Демонстрантите фрлаа тоалетна хартија и извикуваа пароли: „Бандо криминална“, „Сиктер мафијаши“ и „Партиска држава“. – Протестирам затоа […]

Денеска повторно протест пред Уставен суд

февруари 29, 2016

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ ги повикува сите граѓани масовно да учествуваат на денешниот протест точно напладне пред зградата на Уставниот суд. „Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние, граѓаните на оваа држава, нема да престанеме да протестираме сè додека судиите што ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и на други […]

Во 17.30 часот, „Ајде“ со протест пред Уставен суд

февруари 25, 2016

Граѓанската платформа „Ајде“ и денеска во 17.30 часот ќе организира протест пред Уставниот суд против одлуката на судот да ја разгледа иницијативата за измени на Законот за помилување со кои се овозможува да се помилуваат лица осудувани и гонети за изборен криминал. „Ние, граѓаните, нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен […]

Во 17.30 часот граѓанската платформа „Ајде“ ќе протестира пред Уставниот суд

февруари 24, 2016

Граѓанската платформа „Ајде“ денеска во 17.30 часот ќе организира протест против одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за измени Законот за помилување со кои се овозможува да се помилуваат лица осудувани и гонети за изборни криминали. „Уставниот суд денеска застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Во рекордно брзо време […]

„Ајде“ со мирен собир ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител

септември 14, 2015

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ утре, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија, ќе организира мирен собир со кој ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно ќе ги соопшти очекувањата. „Ние, граѓаните на Република Македонија, целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија. Ова треба да му […]

ВМРО-ДПМНЕ: Празните зборови не се пополнуваат со протест

септември 12, 2015

Мораме да им кажеме на „Ајде“ и на нивните старешини од соросовата партија на Зоран Заев дека празниот простор што го оставаат празните зборови и празните глави на идеолозите на опозицијата, не се пополнува со вакви обиди за монтипајтоновски едночинки, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Владата. „На членовите на соросовата „Ајде“, би сакале да им […]

„Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

август 6, 2015

Граѓанската платформа „Ајде“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, денеска донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во село Шипковица, Тетовско. „Локалното население, организирано преку кризниот штаб, постојано е на терен и трага по шестгодишното исчезнато девојче, организира помош која тековно пристигнува и ги расчистува наносите од камења, дрва и од шут кои уништија голем […]

„Ајде“ поднесе повеќе од 6.000 претставки до Уставен суд

април 24, 2015

Повеќе стотина граѓани денеска се собраа на протестен марш од Министерството за финансии до Уставниот суд, каде поднесоа повеќе од 6.000 претставки против законите со кои на хонорарците им се наметнува да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. – Денеска сме дојдени со оваа вага, која би требало да ја означи правдата во […]

„Ајде“ собра 110 потписи во Штип

април 17, 2015

Штипската Фондација за локален развој успеала да собере 110 потписи во рамките на акцијата на граѓанската иницијатива „Ајде“, за оспорување на таканаречениет Закон за хонорарци. Во Штип поголемиот дел од потписите се на актери, преведувачи и на невладини активисти. Платформата за граѓански политики „Ајде“ успеала да собере повеќе од 5.500 потписи од граѓаните. Со потписите, до Уставниот […]

Стружани со поддршка за оспорување на уставноста на законите за хонорарци

март 24, 2015

Центарот на заедницата при локалната самоуправа во Струга се приклучи кон акцијата на Платформата за граѓанска политика „Ајде“ за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметнува обврска за плаќање придонеси за здравствено и за пензиско и инвалидско осигурување, јавуваат од агенцијата. Од Центарот повикуваат секој полнолетен граѓанин да […]

„Ајде“ собира потписи за оспорување на законот за хонорарци

март 23, 2015

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, почнаа да собираат потписи за групна претставка до Уставен суд за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметна да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. – Иницијатива ја поднесуваме бидејќи со осумте закони се повредуваат правото на […]

„Ајде“ со протест побара МРТ да им се врати на граѓаните

февруари 28, 2015

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, седнати на столчиња, одржаа протестен перформанс пред зградата на МРТ и ја побараа назад кај граѓаните. Тие јавно ѝ порачаа на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде јавен сервис на граѓаните, а не владин пропаганден мегафон. На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, […]

Утре напладне, „Ајде“ организира перформанс пред МТВ

февруари 27, 2015

Членовите на „Ајде“, платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, утре во 12 часот, ќе организираат протестен перформанс пред зграда на МРТ. На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и […]

„Ајде“ со протест против одговорните за смртта на Тамара

февруари 19, 2015

Граѓанското здружение „Ајде“ денеска го искажa својот револт против сите одговорни за смртта на малата Тамара. Тие, протестирајќи по улиците на Скопје, со бели маски што ја симболизираа безличноста и беспомошноста на граѓаниниот пред инстититуциите, дојдоа до Министерството за здравство.

Платформата „Ајде“ повика политиката да им се врати на граѓаните

декември 23, 2014

123 граѓанки и граѓани денеска ја промовираа платформата за граѓанска политика „Ајде“. Членовите на „Ајде“, седнати на столчиња спроти Собранието, свртени кон споменикот на АСНОМ, симболично им порачаа на пратениците и на власта дека граѓаните се извор на суверенитетот и дека демократијата не е можна без активни, слободни и здружени луѓе. Платформата претставува неформална, но организирана […]

Страна 1 од 1