fbpx

Франција планира воздушни напади против ИД во Сирија

-

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, наредил армијата да се подготви за почнување воздушни напади врз позиции на Исламска држава (ИД) во Сирија, јавуваат светските медиуми.

Според информациите, Оланд изјавил дека Франција утре треба да почне со извидувачки прелети, како дел од подготовките за напад на милитантите на ИД.

Тој, истовремено, отфрлил секаква можност за ангажирање копнени трупи во Сирија.

Според Оланд, станува збор за одговор по информациите дека ИД планира напади на повеќе земји, меѓу кои и Франција.

„Моја одговорност е да се осигураме дека сме информирани колку што е можно во однос на заканите кон нашата земја. Во таа насока, побарав од министерот за одбрана од утре да се почне со извидувачки летови над Сирија, како подготовка за воздушни напади против Исламска држава“, ја пренесува „Би-Би-Си“ изјавата на францускиот претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...