fbpx

Големи пожари на Суматра

-

Од вчера, на островот Суматра во провинцијата Џамби беснеат големи шумски пожари, а властите прогласија највисок степен на тревога.

Провинциските власти побараа поддршка за гаснење на пожарите и од Националната агенција за борба со катастрофи, а помош се очекува и од Малезија и Сингапур, кои исто така се загрозени од облаците чад опасни по здравјето.

Поголем дел од регионот на југоисточна Азија годинава е зафатен со долготрајна суша, а во Индонезија пожарите избувнуваат и поради обидите на фармерите со палење на шумите да обезбедат поголеми површини за обезбедување на земјиште на кое садат плантажи на палми за производство на масло, чија цена во светот постојано расте.

Индонезија денеска и утре ќе се обиде во загрозеното подрачје да предизвика вештачки дожд, но дали ќе се успее зависи од тоа дали авионите со хемикалии за предизвикување вештачки дожд ќе наидат на поволни облаци за дејствување врз нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...