fbpx

Земјоделците од Пелагонија бараат организиран откуп на пченката

-

Се менува сликата на пелагониското поле и наместо пченица, земјоделците наголемо садат пченка. Потиснати од поплавите и од сушите, како и од ниската откупна цена на пченицата, земјоделците во Пелагонија нивите ги изораа и ги засадија со пченка. По големите временски непогоди иднината ја гледаат во производство на пченка и бараат организаран откуп на оваа култура.

Николче Бошевски, земјоделец од селото Новаци и претседател на синдикатот на земјоделците „Спас“, тврди дека оваа година 75 проценти од нивите во битолскиот дел на Пелагонија се засадија со пченка.

– Пченицата си заминува од нивите во Пелагонија најмногу заради ниската откупна цена, а и како резултат на стравот на земјоделците од големи загуби од поплави или суши. Еден килограм пченица се откупува за девет денари, а пченката за 11-12 денари. Така, според родот и приносите, сметаме дека ќарот е во пченката, а не во пченицата – вели земјоделецот Бошевски.

Претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров, пак, смета дека ако државата направи услови за откуп на пченката исто како за пченицата, битолскиот дел на Пелагонија целосно ќе се преориентира на производство на пченка.

– Ако се создадат услови да се направат сушалници за пченката и ако се обезбеди откуп на пченката, тогаш Пелагонија може целосно да ги задоволи потребите за пченка во државата, без да има потреба од увоз на оваа култура – вели Танатаров.

Според него, сега Македонија е зависна од увоз на пченка, така што дури 60 проценти од потребите се увезуваат од Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...