fbpx

Триесет дена притвор за деветмината уапсени во акцијата „Ќелија“

-

Судија на претходна постапка вчера, по сослушувањето, на деветмината приведени во полицискаката акција „Ќелија“ им одредил притвор од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1. За другите 27 осомничени, по кои сè уште се трага, судијата издал наредба за приведување, по што ќе се одлучува по предлогот на Јавното обвинителството за организиран криминал и за корупција да им се одреди мерка притвор.

Во полициската акција „Ќелија“, осомничени се вкупно 36 лица за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

„Судија на претходна постапка по разгледување на фактите и на доказите што беа предложени од Обвинителството, заедно со предлогот за определување на мерката притвор и по сослушување на приведените во присуство на нивните бранители, по предлогот на Јавното обвинителство оцени дека се исполнети условите што произлегуваат од одредбите на Законот за кривичната постапка за определување мерка притвор и на девет лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Воедно, на другите 27 лица, судијата на претходна постапка со оглед дека тие не беа приведени, издаде наредба за нивно приведување пред судија на претходна постапка, а по нивното обезбедување и сослушување, ќе одлучува по однос на предлогот на Јавното обвинителство“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...