fbpx

Речиси 3.000 потврди издадени на мигранти за време на продолжениот викенд

-

Во деновите од продолжениот викенд, односно од петокот до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало вкупо 2.924 потврди за искажана намера за барање азил во Македонија, на странски државјани кои илегално влегле на територијата на државата.

„Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, односно 2.437, потоа Ирак (169), Авганистан (113), Пакистан (113), Сомалија (17), Палестина (12), Етиопија (11)“, соопштуваат од МВР.

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита, на 19 јуни, до денеска, потврди за искажана намера за барање азил биле издадени на вкупно 25.672 странски државјани, од кои 19.342 се сириски државјани.

Според МВР, во Прифаниот центар за баратели на азил во моментов е евидентирано едно лице. До денеска, според министерството, до Одделението за азил се поднесени 41 барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од нив 31 барање се од државјани на Сирија.

За време на продолжениот викенд, четирите мобилни екипи на Црвен крст укажале прва помош при вкупно 455 интервенции, од кои 286 биле извршени во Гевгелија, а 169 во Табановце. Вкупно 17 трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, а само едно лице било транспортирано до гевгелиската општа болница. Во вој период, во Табановце и во Гевгелија, вкупно биле дистрибуирани 1.102 шишиња вода, 172 пакети за самопомош, 205 пакети со храна, 194 хигиенски пакети за мажи, 163 хигиенски пакети за жени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...