fbpx

Се намалуваат казните за фирмите

-

Собранието вчера ги изгласа измените на Законот за прекршоци, Законот за општа управна постапка и на Законот за парнична постапка.

Како што истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, овие закони биле донесени врз база на длабоки и сериозни консултации со стопанските комори, занаетчиските здруженија и со сопственици на мали и на средни претпријатија.

Со Законот за прекршоци суштинска новина е воведување на принципот на нивелирање на санкциите во согласност со економската моќ на субјектите.

– Во Законот за прекршоци се воведени три критериуми по кои ќе се одмерува, односно нивелира санкцијата, а кои, во суштина, значат драстично намалување на глобите за прекршоците за најголемиот дел од субјектите. Првиот критериум е вкупниот приход во претходната фискална година. Овој критериум ќе влијае на изрекување на санкцијата почнувајќи од минимални 10 проценти за фирмите кои остваруваат приход до максимални 500.000 денари, па сè до максимум 70 проценти за фирми што остваруваат приход што надминува 100.000.000 денари. Вториот критериум е просечниот број на вработени, врз основа на кој ќе се изрекува санкција во висина од 5 проценти за фирми кои имаат максимум девет вработени, а такви се повеќе од 60.215 од вкупно 70.659 или повеќе од 85 проценти од фирмите во Македонија, па сè до 20 проценти од пропишаната глоба за фирми со повеќе од 250 вработени. Третиот критериум е претходното поведение на субјектот, за што може да се изрече најмногу 10 проценти од предвидената глоба, што значи дека ако претходно нема изречено санкција, нема да ги плаќа овие 10 проценти -истакна Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на евроинтеграциите

Бугарскиот претседател Румен Радев коментира дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. Тој, како што пренесува...