fbpx

СИРИЗА со силен рејтинг пред Нова демократија

-

Рејтингот на владејачката СИРИЗА не опаѓа независно од проблемите и од критичната состојба во Грција. Анкета за неделникот „Параполитика“ покажува дека ако следниот викенд се распишат избори, за СИРИЗА ќе гласаат 38,5 отсто од испитаниците, а само 19,1 отсто за Нова демократија.

На трето место останува партијата Река со поддршка од 5,3 отсто поддршка, 4,3 отсто од испитаниците би гласале за Златна зора, 4,2 отсто за ПАСОК. Најдолу се Комунистичката партија со поддршка од 3,8 отсто и Независни Грци со 2,7 отсто гласови од анкетираните.

Мнозинството од испитаниците, односно 75 отсто, изјавиле дека би сакале премиерот Алексис Ципрас да дојде до компромис, додека, пак, 21 отсто бараат да не отстапува од црвените линии.

Дури 84 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да го задржат еврото и да останат во еврозоната. Анкетираните покажале голем оптимизам дека ќе се постигне договор, конкретно 77 отсто посочиле дека се надеваат на среќен крај за драмата низ која минува државата по референдумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...