fbpx

Српскиот претседател бара од Русија да стави вето на резолуцијата за Сребреница

-

Српскиот претседател Томислав Николиќ ја повика Русија да стави вето на британската резолуција во Советот за безбедност на ОН, која убиствата во Сребреница за време на војната во БИХ од 1992 до 1995 година ги окарактеризира како геноцид. Николиќ за таа цел испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува резолуцијата во наредната недела да биде ставена на дневен ред во Советот за безбедност на ОН. Британската резолуција беше подготвена по повод 20-годишнината од масакрот, кој веќе е прогласен за геноцид од судовите на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.