fbpx

„Бомбите“ на СДСМ продолжуваат утре?

-

Иако според официјалниот договор што партиите го потпишаа на 2 јуни во резиденцијата на Европска унија, СДСМ се согласи да не објавува прислушувани разговори, според неофицијални информации на „Мета“, „бомбите“ ќе продолжат утре, а од партијата сè уште се мислат на која тема ќе бидат.

Портпаролот на партијата, Петре Шилегов, ни рече дека денеска со сигурност нема да има „бомбa“.

Претставниците на политичките партии од опозицискиот блок на консултативниот состанок вчера му дадоа поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на начинот на кој настапува во разговорите за решавање на политичката криза.

На состанкот, Заев ги информирал претставниците на партиите од опозицискиот блок за текот на лидерската средба во Брисел, а биле разменети и мислења за понатамошни активности и за дејствување на опозицискиот блок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...