fbpx

Груби се сретна со Герет: Договорот од 2 јуни е добра основа за решение

-

Артан Груби, пратеник од ДУИ, денеска се сретна со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кого разменија мислења околу политичката криза во Македонија и разговараа за иднината на земјата по договорот на 2 јуни.

Груби ги пренесе ставовите на лидерот на партијата, Али Ахмети, и на ДУИ за потребата од спроведување на договорот од 2 јуни и спроведување на системските реформи, со што општеството и институциите на државата ќе ја вратат заемната доверба и ќе се овозможи еднаков и неоспорен натпревар од која и да е страна.

„ДУИ ќе направи дополнителни напори за надминување на политичката криза и очекува одговорно однесување од другите партии што треба да ги надминат партиските интереси и да ги стават државните интереси на прво место. Решавањето на кризата веќе е претворено и во услов за враќање на Македонија во евроатланската агенда, која е приоритет и ги обединува сите граѓани околу една заедничка цел“, порачуваат од ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...