fbpx

Претседателството на ДУИ разочарано од неуспехот на преговорите

-

Претседателството на Генералниот совет на ДУИ на седницата одржана денеска, дискутираше за последните политички случувања во земјата, откако политичките партии не постигнаа договор во Брисел на 10 јуни.

Откако претседателот на партијата, Али Ахмети, го информираше членството, претседателството на ДУИ изрази разочарување од неуспехот на преговорите и од непочитувањето на договорот потпишан помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата.

ДУИ смета дека договорот постигнат од политичките лидери на 2 јуни, а поддржан од меѓународните партнери, продолжува да биде добра основа за надминување на кризата.

Затоа, од ДУИ ги повикуваат лидерите на политичките партии во земјата да размислуваат сериозно за да се најде решение за остварување на договорот од 2 јуни, при што ќе бидат надминати тесно партиските интереси, а интересите на граѓаните и на земјата ќе се стават на прво место.

Тие ги повикуваат меѓународните партнери да продолжат со ангажманот и да не губат верба во капацитетот, волјата и во посветеноста на лидерите за да се најде решение за кризата.

Претседателството на Генералниот совет, информираше дека ја разгледало положбата на ДУИ во однос на последните случувања и одлучиле ова прашање да го постават пред Генералниот совет како највисоко тело на партијата, оставајќи ги отворени сите опции за позицијата на ДУИ во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...