fbpx

МНТ и Турски театар ќе соработуваат со државните театри од Турција

-

Генералниот директор на Државните театри на Турција, Неџад Биречик, и директорите на Македонскиот народен театар, Дејан Лилиќ, и на Турскиот театар – Скопје, Атила Клинче, потпишаа меморандум за соработка и за културна размена.

Тие беа примени во кабинетот на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која во оваа пригода истакна дека потпишувањето на меморандумот ќе придонесе за подобро запознавање на драмското творештво на двете земји, за реализација на заеднички проекти и за размена и за учество на уметниците од двете земји на значајни културни манифестации во Македонија и во Турција.

Канческа-Милевска истакнала дека двете земји имаат традиционално одлична соработка во сите сегменти од областа на културата, што резултира со повеќе значајни проекти, особено во областа на заштитата на културното наследство.

Таа изразила уверување дека соработката значајно ќе се зголеми со отворање културно-информативни центри во Истанбул и во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...