fbpx

Најголемата европска банка ќе отпушти 25.000 вработени

-

Најголемата европска банка, „Хонгконг-Шангај банкарска корпорација“(HSBC), планира да отпушти 25.000 луѓе од своите филијали во светот, во обид да ги намали трошоците и да ја поедностави работата.

Ова би значело намалување на бројот на работниците за речиси 10 проценти, бидејќи во моментов работат 266.000.

Во Велика Британија, каде за банкарската корпорација работат 48.000 луѓе, ќе бидат отпуштени 8.000 во секторите малопродажба и инвестициски банкарски операции, пренесува „Би-Би-Си“.

Банката планира да ги продаде сите експозитури во Турција и во Бразил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...