fbpx

Милошоски пак со знамето ги испровоцира Грците

-

Грчките весниците „Прото тема“ и „Етнос“ реагираа на последниот планинарски излет на пратеникот Антонио Милошоски, коментирајќи дека тој продолжува да провоцира со своите постапки.

„Милошоски позираше со знаме со сонцето од Вергина, со што одново ја прекрши Привремената спогодба меѓу Атина и Скопје, според која, соседите се обврзани да престанат да го користат овој симбол“, се вели во „Етнос“.

За ситуацијата реагираше и грчкото Министерство за надворешни работи и тоа на новинарски прашања како ќе одговорат на новата провокација на Милошоски.

„Активностите на Милошоски се пример за тоа до каде може да стигне некој за да има 15 минути слава. Да го оставиме во неговиот свет“, изјави потпаролот на грчкото МНР, Константинос Кутрас.

Милошоски и претходно се најде на мета на грчките медиуми и тоа кога се сликаше со знамето со сонцето од Вергина на Олимп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...