fbpx

Груевски: СДСМ треба да научи дека министри и премиер се добиваат само на избори

-

СДСМ треба да научи дека можност за избор на министри и на влада се добива само на избори и со поддршка на мнозинството од народот, оти тоа е суштината на демократијата, изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за пишувањата на медиумите блиски на опозицијата дека ќе биде договорена техничка влада во која тој нема да биде премиер, а ќе биде формирана егзекутивна комисија, која ќе функционира како влада.

– Со внимание ги следам сите овие шпекулации што ги продуцира СДСМ и медиумите блиски до нив и понекогаш се чудам на нивниот начин на пуштање шпекулации и создавање нереални амбиции и нереални очекувања. Размислувам како да одговорам. Доколку одговорам многу сериозно, некој може да помисли дека има некоја вистина во однос на создавање преодна влада во која министри и премиер ќе одберат СДСМ. Ако одговорам само со насмевка, може да бидам погрешно сфатен и затоа ќе кажам дека СДСМ треба да научи дека министри и премиер ќе може да избира тогаш кога ќе победи на избори и кога ќе ја добие поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија. Сè дотогаш нема да имаат можност ниту за министри во владата, ниту за премиер, затоа што ја немаат потребната доверба од мнозинството граѓани. Тоа е основната работа во една демократија – изјави Груевски.

Запрашан дали ги смета како можен компромис евентуални предвремени избори кои би се одржале по Нова година, премиерот Груевски рече дека засега такво нешто не планира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...