fbpx

ЈСП почнува вонредна дезинфекција на автобусите и жичницата

-

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, соопшти дека денеска почнува со дополнителна (вонредна) дезинфекција на автобусите и минибусите во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата на Водно.

„Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично. ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичарницата.
Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, сè до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот“, се вели во соопштението.

Од ЈСП тврдат и дека „внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата, со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс

Блинкен со честитка по повод 33 години независност и изборот на првата жена претседател

Со честитка по повод 33 години независност и историскиот избор на првата жена претседател, Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен му се обрати на македонскиот народ преку соопштение. „Во име...