ЈСП Скопје за продолжениот викенд ќе работи по неделен возен ред

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар

-

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) информираше дека, по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, во сабота (7 септември) и понеделник (9 септември) ќе се работи по неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

Жичницата, пак, ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 е последното возење од врвот надолу.

Жичницата нема да биде во функција во понеделник, на 9 септември.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...