fbpx

Заврши средбата на Хан со Груевски, на ред е Ахмети

-

Заврши средбата на премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Во моментов тој одржува средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер.

По средбата со Ахмети, еврокомесарот ќе се сретне и со лидерите на ДПА и на СДСМ, Мендух Тачи и Зоран Заев, по што се очекува да одржи и заедничка лидерска средба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...