This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Sep 20 14:53:47 2018 / +0000 GMT

Заврши финансиската блокада на американската влада




Тридневната блокада на Владата на САД е завршена, откако Сенатот на американскиот Конгрес го усвои предлог законот за привремено финансирање на владата на САД.

За повторно отворање на федералните агенции гласале 81 сенатор, додека 18 биле против. За гласањето за буџетските прашања потребно беше мнозинство од 60 сенатори.

Американската влада беше блокирана од саботата откако не беше постигнат договор за буџетот што демократите го условуваа со договорот за заштита од депортација на околу 700 илјади имигранти кои во земјата се доведени како деца и останале илегално.

Десетици илјади сојузни административци престанаа да работат на првиот ден од блокадата, но клучните сервиси за безбедност и одбрана продолжија да функционираат.

Во Сенатот е постигната согласност до 8 февруари да почне дебата за предлог законот за имиграцијата.

Потпретседателот Мајк Пенс од Ерусалим порача дека со постигнувањето на договорот пропаднала „Шумеровата блокада“.

-Ја поздравуваме веста дека блокадата во Вашингтон завршила, за што се заслужни цврстиот став на претседателот Трамп и на републиканците од Претставничкиот дом и Сенатот - порача Пенс.
Post date: 2018-01-23 09:54:32
Post date GMT: 2018-01-23 08:54:32
Post modified date: 2018-01-23 09:54:32
Post modified date GMT: 2018-01-23 08:54:32
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com