Сончево време со умерен северен ветер и мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од еден до осум Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до шест Целзиусови степени.

Според УХРМ, следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Најстудено утринава со 10 Целзиусови степени под нулата се измерени во Берово, Маврово и Лазарополе. Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува осум сантиметри.