fbpx

Зајакнувањето на билатералната соработка во фокус на средбата Путин – Ципрас

-

Продлабочувањето на билатералната економска, трговска и енергетска соработка беше во фокусот на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Путин не најави некоја конкретна инвестиција, но посочи дека гледа простор за зголемување на руските финансиски инвестиции во Грција, додавајќи дека Русија има 700 милиони долари инвестиции на грчко тло.

Во изјавите со Ципрас, по неочекувано долгата тет-а-тет средба, која наместо половина час траеше речиси два часа, Путин го најави сериозниот интерес на руската железница да учествува во приватизацијата на грчката железница.

– Има можности за инвестиции и во транспортниот сектор, компанијата „Руски железници“ ја разгледува можноста да учествува во приватизацијата на грчките железници „Треносе“, компанијата „Роско“ (компанијата за одржување на желзницата н.з) и Солунското пристаниште – истакна Путин во изјавите со Ципрас.

На средбата беше потпишан и договор за соработка меѓу двете нафтени компании „Хеленик Петролеум“ и „Роснефт“.

Путин се осврна на рускиот интерест за заживување на идејата за гасовод во регионот, односно рестартирање на идејата за Јужен поток, обвинувајќи ги САД и ЕУ дека идејата не се реализирала поради нивни притисоци.

– Имавме намера да го спроведеме „Јужен тек“. Не ни дозволија да го направиме поради притисоци од САД и ЕУ. Бугарија го избегна спроведувањето на овој проект и бевме принудени да го стопираме. Предложивме проект преку Турција. Ќе ви откријам тајна. Турските партнери ни поставија предуслов да ги измениме цените на гасот. Се согласивме на ова, но повторно немаше поддршка од Комисијата. Подготвени сме да разгледаме секаков проект, независно од политичкиот контекст со која било држава во Европа – посочи Путин.

Грчкиот премиер Ципрас забележа дека посетата на Путин ги потврдува и рестартира силните грчко-руски врски, додавајќи дека рускиот претседател доаѓа во клучен момент за Грција.

– Посетата на Путин доаѓа во важен момент за нас, кога Грција го остава зад себе периодот на неизвесност и со самоувереност создава услови за производствена реконструкција, развој на инвестиции и економски соработки – посочи Ципрас.

Двајцата политичари разговарале и за односите меѓу Русија и Европската Унија и НАТО, при што Грција се понудила да биде посредник за подобрување на односите меѓу Москва и Брисел.

Во фокус на средбата било и зајакнувањето на туристичката сорабока, односно начините како Грција да се промовира како туристичка дестинација и дополнително да се зголеми бројот на руски туристи во Грција. Путин вети зголемување на бројот доколку се овозможат визни поволности за руските туристи, нешто на кое Грција работи подолго време.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...