fbpx

Заев со видео обраќање: Народе мој, време е да бидеме храбри, ние одлучуваме

-

Народе мој, време е да бидеме храбри и да гледаме кон иднината, вели премиерот Зоран Заев во видео обраќање до граѓаните по повод претстојниот референдум на 30 септември, објави владината прес-служба.

„Денес, кога сите заедно стоиме пред најголемиот предизвик во историјата на нашата земја, имаме единствена можност да ја зграпчиме оваа историска шанса, овој втор референдум кој ќе ја зацврсти нашата независност и да кажеме да, за стабилна и сигурна иднина, за иднина во Европа. На 30 септември, на референдумот, ние одлучуваме. Нашиот пат не е лесен, но добро знаеме што добиваме. Знаеме дека сме свои на своето, Македонци кои зборуваат признаен македонски јазик, граѓани кои се определуваат за подобар живот, со повисоки приходи, за добри работни места. Сето тоа во нашата убава Македонија, безбедна, сигурна, мирна, пријателска и стабилна. Европска“, вели Заев.

Во преговорите и со договорот, додава Заев, ги зачувавме нашиот јазик и националност, нашата култура, ја зачувавме и нашата историја. Според него успешен референдум засекогаш ќе ја осигури нашата иднина.

„Овој историски момент е поголем од нас, од нашите партии, кавги или лични интереси. За иднината на нашите деца се работи. Да излеземе сите на референдумот, за европска Македонија“, го завршува Заев обраќањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...